залихи

за нас


Компанијата “Супер Хит” е синоним за квалитетна и современа изработка на облека, во која е втемелено долгогодишното искуство на семејниот бизнис на Асанови. На 24-ти Декември 2011 година, Модната конфекција “Супер Хит” од Радовиш го одбележа својот 39-годишен јубилеј на успешно работење и по тој повод најави проширување на производствените капацитети и нови 50 вработувања во текот на првиот квартал на 2012година за потребите на Европскиот пазар.

Основна дејност на Компанијата е производство на артикли од Трикотажа (околу 200 модели на Маици ,Тренерки , Дуксери , Полари и сл), Kапи(околу 30 модели) , ХТЗ работни одела и униформи (околу 100 модели) ,Спортска опрема (околу 70 модели на Дресови ,Шорцеви ,Торбици ,Штуцни и сл) , и уште многу различни артикли согласно потребите на купувачот. Целокупниот производствен асортиман на компанијата е околу 700(седумстотини) различни артикли. 

Супер Хит како дополнување на асортиманот со кој располага ,нуди услуга Брендирање (дизајнирање , печатење и навезување) на артиклите од сопствено производство по желба на купувачот.

Вкупниот годишен капацитет на "Супер Хит" е околу 1(еден) милион парчиња.

Компанијата поседува и најголем лагер во регионот со околу 200(двеста)  илјади парчиња на готови производи наменети за малопродажба и големопродажба во земјава и надвор од неа, претежно низ Европска Унија. Производството се одвива на површина од 3.000 м2, со најсовремена технологија и потполно обезбедени производни услови според сертифицирани Европски стандарди.

Гаранцијата од 2 години за секој производ е доказ за високиот квалитет и е главна одлика на "Супер Хит".

Сопственик и основач на Компанијата е г-дин Асанов Наазим. Својот приватен бизнис го започнал на 24-ти Декември во далечната 1972 година. Компанијата до сега е добитник на бројни награди и признанија за квалитет и традиција во производството на артикли од текстил и трикотажа, меѓу кои особено место има  признанието на г-дин Асанов за "Најмлад приватен Занаетчија во Источна Македонија"  доделено од поранешниот претседател на Р. Македонија, г-дин Киро Глигоров.

Основното мото на Компанијата е: 

ВЕТЕРАНИТЕ ОСТАНУВААТ НАЈДОБРИ - ПРОВЕРЕНО !!! 

 

 


локација


Designed and developed by Ein-Sof and Cyber Link